Училишниот објект е лоциран во атарот на с. Бардовци на „Ул 2“ бр.10- Скопје. ОУ „Аврам Писевски“ има статус на самостојност од учебната 1985/1986 година и до денеска функционира како самостојно.

Реонот на Општинското основно училиште „Аврам Писевски“, ја опфаќа територијата на населените места с.Бардовци и населбата Злокуќани.

Училишниот објект е од тврда градба, располага со училнички простор 2429 м2 , а училиштето располага со дворна површина од 7760 м2 и на него се изградени спортски игралишта за ракомет, мал фудбал и кошарка.

Во училиштето се воспитуваат и образуваат 284 ученици распоредени во 11 паралелки. Наставата се изведува на македонски наставен јазик. Училиштето работи во една смена. Во училиштето се вработени 21 лице.

Pin It on Pinterest

Share This