Аврам Писевски е роден на 21 јануари 1921 година во селото Галичник,со потекло од печалбарско семејство. Татко му Митре бил печалбар долги години во Лариса,соседна Грција,заедно со неговите два сина.Околу 1930 Митре решил да се врати во родната татковина и да отвори дуќан во Скопје. За кусо време станале познати слаткари Писевци.
Аврам бил трето дете по ред ,со голема разлика во годините од браќата и сестрите што биле пред него родени.Основното училиште го завршил во Галичник,а по преселбата на семејството во Скопје,Аврам го продолжил школувањето во Првата машка гимназија. Како ученик во гимназијата бил помеѓу посолидните ученици. Во 1940 година ,кога бил во осми клас станал член на СКОЈ.И пред да стане скоевец читал забранета литература, но откако се зачленил во илегалната младинска организација,почнал многу да работи на издигнување на своето идеолошко и теоретско образовно ниво. Бил многу дружељубив,заедно со другарите развивале голема културно-просветна активност меѓу населението. Особено за време на летниот распуст во родниот Галичник.
И пред да стане скоевец читал забранета литература, но откако се зачленил во илегалната младинска организација,почнал многу да работи на издигнување на своето идеолошко и теоретско образовно ниво. Бил многу дружељубив,заедно со другарите развивале голема културно-просветна активност меѓу населението.
Во есента на 1940 се запишал на Техничкиот факултет во Белград.Поради општествените превирања,штрајкови и демонстрации на работниците и со подршка од младинци,цела есен Аврам не посетувал настава бидејќи не ни почнала. Под впечаток од белградските случувања зимата 1941 година се вратил во Скопје како позрел револционер.Тој повторно се вратил во Белград но не останал многу долго. Во Скопје на 27 март 1941 година Аврам учествувал во големите демонстрации против тогашната влада која што склучила пакт во Тројната оска.По окупацијата на земјата ,Аврам работел во организација на Ској во градот.Тој создал група на скоевци од работниката младина и од ученици.Во 1942 година станал член на месниот комитет на СКОЈ.Поради неговата активност бил повеќе пати затворан од страна на окупаторот.Во 1944 година по неговото излегување од затвор, се приклучил на борците од третата македонска бригада. По секојдневните борби со окупаторот,Бригадата стигнала на Осогово по жестока борба со непријателот на 11 јуни загинал Аврам Писе како што го викале од милост неговите другари.Така завршил уште еден млад живот за доброто на татковината,кој штотуку го започнал животот и кој толку многу сакал да живее во слобода,без глад беда,страв туку радосен за сите луѓе на светот.