Марина Милеска, родена на 1.7.1960 година во Скопје.Целото свое школување го поминува во Скопје. По завршување на гимназија „Никола Карев“ во Скопје, образованието го продолжува на Педагошката академија во Скопје – одделенска настава, а потоа продолжува студирање на ПМФ, на кадетрата по географија.
Прво вработување во 1983 година е како одделенски наставник, во ООУ„Невена Георгиева – Дуња“ Скопје, каде по 4 години работа во одделенска настава, продолжува кака предметен наставник по географија од 1987, се до 2006 година, кога станува директор на истоименото училиште. Во текот на својата работа се здобива со многу стручни надообразби, за што говорат големиот број на сертификати, благодарници и пофалници за нејзината долгогодишна плодна работа.
Од јануари 2014 година е наименувана за директор на ООУ„Аврам Писевски“ , каде што продолжува со работа во која ги имплементира сите законски и иновативни промени во образованието.

Pin It on Pinterest

Share This