Ученички парламент
Во нашето училиште се конституираше Ученичкиот парламент при ООУ „Аврам Писевски“ преку непосредно тајно гласање на претставниците (претседателите и заменик претседателите) на Одделенските заедници од училиштето.
Најпрвин психологот и наставникот по Граѓанско образование како гости на настанот им го објаснија процесот на избор и начинот на гласање на претставниците. Потоа се разговараше за обврските и правата на членовите на Парламентот, но и обврските на Изборната комисија и Претседателот, заменик Претседателот и благајникот на Парламентот.
По објаснувањето и кратката дискусија се оформи Изборната комисија и тоа во состав: Калина Златановска од VII-Б, Ивана Богдановска од VIII-А и Леонид Богдановски од IX-A одделение. Своја кандидатура за Претседател на ученичкиот парламент поднесоа и изложија: Петар Јовановиќ од IX-Б, Михаела Младеновска од IX-Б и Кристина Божиновска од VIII-A одделение. По излагањето на кандидатурите од страна на кандидатите, изборната комисија спроведе гласање. Според резултатите на изборната комисија, ученичката Михаела Младеновска беше избрана за Претседател со апсолутно мнозинство од гласовите на заедницата, додека заменик Претседател стана Петар Јовановиќ. Благајник стана Кристина Божиновска. Со тоа се конституираше Ученичкиот парламент при ООУ „Аврам Писевски“.Во училиштето избран е и ученички правобранител кој се грижи за заштитата и унапредувањето на правата на учениците во училиштето. Ученички правобранител стана Клементина Марковска од VII-Б одделение, а беше избрана со мнозинството гласови на учениците.