Со пригодна манифестација, основците од ООУ „Аврам Писевски” на 21.2.2017 година  го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Упатувајќи универзални пораки за љубов, мир и соработка на трите јазици кои се изучуваат во ова училиште, (македонски, ромски и албански), учениците покажаа дека се грижат за своето културно наследство. Денешната прослава која се организира веќе трета година по ред, ја збогатија и средношколците од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј” со својот сценски настап.

На манифестацијата присуствуваше и директорката на ООУ „Аврам Писевски” – Марина Милеска, која им се заблагодари на присутните гости и во своето обраќање додаде дека е од исклучително значење грижата за мајчиниот јазик, особено за учениците кои го реализираат образовниот процес во мултикултурна средина.

Pin It on Pinterest

Share This