Здружението на информатичарите на Македонија дванаесетта година по ред организира натпревари по информатика за учениците од основното образование. Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат колку што е можно поголем број на ученици за информатиката како наука. Затоа и оваа година учениците од основното образование се натпреваруваа на натпреварите кои што се организираа за учениците од средното образование. На тој начин на сите нив им беше овозможено да влезат во тимовите за интернационалните натпревари.
Годинава, за учениците од VI и VII одделение се организира натпревар во информатичко размислување.како и за учениците од IV и V одделение
Натпреварот се спроведуваше на општинско/регионално и државно ниво, во истите термини како и натпреварите за средно образование.
Нашите ученици на општинско/регионално ниво за прв пат учестваа на натпреварите под менторство на предметниот наставник Ана Дионисиева, професор по информатика и ги постигнаа следниве резултати:
Ученикот Марко Крстевски од VIIa одделение освои третто место и ученичката Сара Крстевска од Va одделение освои третто место.
Автоматски поради ваквиот покажан успех беа поканети да учествуваат и на натпреварот на државно ниво.Натпреварот се одржа на 24.3.2018 година во 11часот во амфитеатарот на ФИНКИ-Скопје.Учениците Марко Крстевски и Сара Крстевска и овој пат покажаа многу солидни резултати:
Ученикот Марко Крстевски од VII одделение освои 92 бодови и второ место на ДРЖАВНО НИВО.Гордоста е уште поголема за нашето училиште што ученикот Марко Крстевски од регионот на Скопје освои највеќе бодови.
Ученичката Сара Крстевска од V одделение освои 84 бодови и трето место на ДРЖАВНО НИВО.