Во пресрет на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир (6-ти април), Македонскиот олимписки комитет, денеска, донираше спортска опрема за потребите на основното училиште „Аврам Писевски”.
На настанот кој се одржа во училишниот двор, присуствуваа поголем број на спортски работници, наставници по физичко воспитание и образование, претставници од Македонскиот олимписки комитет, како и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
Директорката на „Аврам Писевски”, Матилда Бајкова ја истакна заложбата на училиштето за вклучување на учениците во голем број на вонучилишни активности кои само ќе ја развијат креативноста кај младите.