Учениците од IV –a одделение на 25.4. 2018 година ја посетија Општина Карпош.Оваа посета беше предвидена во годишната програма по предметот општество,тема Општина. Бевме примени од страна на Претседателот на Советот на Општината,Андреј Манолев, кој исцрпно им ги посочи сите активности и работни обврски на Советот,членовите ,Генералниот секретар и Градоначалникот .Учениците имаа можност да постават прашања и секако да добијат исцрпен одговор Задоволството беше големо,наученото да се потврди и прошири.Секако голема благодарност и до родителите кои ни излегоа во пресрет за да не однесат до Општината Карпош.