Денес се одржа Седмото Издание на Европскиот филмски ден на млада публика на кој се избра најдобриот европски филм за деца. Овој настан се одржува во рекорден број од 46 европски градови во 37 земји.

Седмото Издание на Европскиот филмски ден на млада публика се одржа во Кинотека на Македонија, а во жиритоу чествуваа ученици на возраст од 12 до 14 години од ООУ “Аврам Писевски”, ООУ “ Петар Поп Арсов” и ООУ ” Лазо Трповски”. Како особено добри водители се покажаа Теона Младеновска и Марија Андевска од ООУ “ Аврам Писевски”. Учениците во текот на целодневниот настан ги проследија трите номинирани филмови, имаа можност да дискутираат за  нив и директно да комуницираат со своите врсници од Европа преку пренос во живо.Европската филмска академија оваа година ги селектираше филмовите „Girl in Flight” („Девојка во бегство“) во режија на Сандра Ванучи, „Hobby horse Revolution” („Револуција на дрвените коњчиња“) во режија на Селма Вилхунен и „Wallay” („Волеј“) во режија на Берни Голдблат, кои се прикажуваа истовремено во 45-те градови низ цела Европа.По проследување на филмовите, младите преку гласање требаше да го изберат најдобриот европски филм кој свечено ќе биде прогласен за победник на официјалната церемонија која се одржува во Ерфурт, Германија.