На падините од Китка,убав сончев ден 10.5.2018 година учениците од ООУ,,Аврам Писевски“ од I до VII oдделението
јa посетија месноста Пеленица во близина на селото Драчево. Учениците се запознаа со средината, релјефот и Манастирот Преполовение Руса Среда кој се наоѓа во месноста Пеленица во близина на селото Драчево. Поточно манастирот се наоѓа на ливада на рид над селата Батинци и Драчево веднаш до патот кој води од Драчево кон Горно Количани и повеќе други села во подножјето на планината Китка.Преку активности и друштвени игри кај учениците се поттикнуваше толеранција, компромис, почитување и чиста животна средина.