Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ организираше „Олимпијада за читање и математика“ на сцената „Школка“ во Градскиот парк во Скопје. Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата присуствуваа на олимпијадата и учествуваа во интерактивни едукативни активности. Настаноt се одржа на 16.05.2018 со почеток во 11:30 со цел да го затвориме овој проект во сличен манир како што беа замислени и активностите во истиот – учејќи преку игра и забава!

Гости на настанот беа и  учениците од ООУ”Аврам Писевски”-Карпош  со  наставничка Александра Смилковска и психологот Елизабет Солтирова, учествуваа на завршните активности од Проектот “Со читање до лидерство”. На овој настан учествуваа  и Амбасадорот на САД г-дин Jess Bailly и министерката за образование и наука Рената Дeскоска