Денеска, основното училиште во населбата Бардовци „ Аврам Писевки“, го одбележа својот патронен празник. По повод 33 години од основањето на оваа образовна установа, која е именувана по народниот херој од Народно
ослободителната борба ( НОБ), директорката на училиштето Матилда Бајкова истакна дека ова училиште е пример за мултиетничка кохезија и ЗА заедништво меѓу учениците.Среќни сме, и пред се горди, што 33 генерации се образуваа досега во нашето училиште. Во една мирна средина, како што е нашето Бардовци, кај нас се
образуваат и дечиња од нашето населено место, но и од соседно Злокуќани.Училиштето „ Аврам Писевски“, и во иднина ќе го негува мултиетничкиот дух, и ќе вложува максимални средства во образованието на нашите ученици, потенцираше Бајкова. Директорката Бајкова им додели благодарници на заслужни ученици и родители
кои учествуале во промоцијата и во помагањето на училиштето.