Во нашето училиште се отвори првата училишна градина за одгледување и производство на храна. По повод 16 Октомври, Светскиот ден на храната ја претставивме  нашата градина  Создавањето на градината и на овој настан, беа поддржани и од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од граѓанските организации „Slow Food“ и „Ајде Македонија“.