Ученици од десетте основни училишта во Општина Карпош, го презентираа проектот „Детективи на патот“, спроведен преку Креативниот центар – Карпош, со што ги посочија најкритичните точки по улиците, на патот однивниот дом до училиштето. Тие имаа можност директно да го презентираат Извештајот од истражувањето пред градоначалникот Стефан Богоев. Извештајот од спроведениот проект „Детективи на патот“, ќе бидат земени предвид при креирање на новиот Буџет за 2019 година. На овој начин, учениците директно се вклучија, со свои предлози и сугестии за прашање кое навистина ги засега нив, но и целокупната локална заедница. Партнерскиот однос меѓу Општината и основните училишта ќе продолжи и во претстојниот период.