Здружението “Лидери на Малцинствата за Општеството”, во рамките на проектот “Свет без омраза – младите за човекови права” (анг. World Without Hate – Youth for Human Rights), одржаа работилница во основното училиште “Аврам Писевски”, со учениците од седмо, осмо и девето одделение. На работилницата се користеше методи на неформално образование. Темата на работилницата беше говорот на омраза.