Целта на кампот е кај младите од основните училишта (9то одделенци) да се поттикне љубопитноста и да се стекнат со основни деловните вештини за изнаоѓање на нови пристапи кон решавање на постоечки проблеми или недостатоци во доменот на селекција и одлагање на амбалажа и отпад Работилницита ја реализираа професори од Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Во оваа фаза учениците беа запознати со:
– разлика помеѓу пронајдок и иновација
– процес на следење на трендови, со осврт на еколошки трендови- креативност и вежби за креативност
– генерирање на идеи насочени кон определен проблем од сферата на екологијата на принципот Намали, употреби повторно и рециклирај