По повод почетокот на новата учебна година, во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, Друштвото за пакување и управување со отпад „Пакомак“, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање им додели „Еко моливи“ на првоодделенците од ова училиште. На настанот, присутни беа министерот за образование и наука Арбeр Адеми, заменик- министерот за животна средина Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. Целта е да се подигне свесноста за заштита на животната средина и околина.