И оваа година нашето училиште ООУ’Аврам Писевски’ има свои претставници во категоријата јуниори на седмото издание на Џифони Македонија, меѓународен филмски фестивал за млади. Фестивалот започна на 12 октомври, и во него учествуваат над 650 млади од 10 земји, кои уживаат во филмовите, работилниците, мастеркласовите, забавите…