Нашите ученици присуствуваа на предавање од страна на Експертската екипа на Одделението за Комуникациска полиција од Италија, која им илустрираше на нашите ученици и на нивните наставници, воспитувачи и родители кои се модерните замки на интернетот и како да се заштитат и безбедно да пребаруваат или да учествуваат во активностите на социјалните мрежи. Оваа подвижна училница е насловена „Una vita da social“ или во превод „Живот на социјалните мрежи“ и веќе седум години се изведува во Италија (и на отворено и во училиштата).