Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта , кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Дабар и оваа година е дел од нашите активности .Oвој глобален настан во нашето училиште се одржа денес.Учениците работеа на компјутери и решаваа логички задачи.