Замислата зелката да биде основната причина за организирање на манифестацијата ,,Ден на зелката”,плановите ,превземените активности на денешниот ден станаа реалност.Масовното учество на сите фактори на денешниот ден ,ни покажа на сите дека овие пионерски активности ќе станат традиција во основното училиште ,,Аврам Писевски” и месноста село Бардовци. Благодарност до посветените наставници, ученици, родители, Советот на родители, Градинката “Распеана младост” клон “Виножито” с. Бардовци, Форум на жени од Бардовци, колеги од ООУ “Гоце Делчев” -Штип, ООУ “Живко Брајковски” Општина Бутел, Скопје, соработници на различни проекти -Музеј на македонската борба, за поддршката во оваа хуманитарна иницијатива.Се надеваме дека сликите ќе ви пренесат дел од атмоферата којашто беше на самиот ден на манифестацијата во ООУ,,Аврам Писевски”.