Читањето на глас е клучна метода за развивање на читачки навики и постигнување на успех во училиштето, како и стекнување на знаење и вештини.Притоа може да биде семеен ритуал посебно во студените денови кога се нема идеја што да се прави дома. На овој начин се работи на превенција на тешкотии при читањето. Книгата е во центарот на вниманието на детето и извор на корисно и возбудливо искуство. Се проширува речникот на најмладите и нивното општо знаење, бидејќи тоа што го читаат може да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе. Кога родителите читаат на глас, стануваат пример за децата и ја пренесуваат љубовта спрема книгата. Децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот што е важно за образованието Додека слушаат, децата фантазираат за луѓето, местата и ситуациите кои не ги запознале и доживеале.