Во најголем дел, интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Секој може да најде интересни и корисни содржини од многу сфери кои може да ги вгради во својот образовен процес, да надополни празнини во своето знаење од некоја област или едноставно да се информира за некоја тема. Исто така, интернетот нуди различни форми на забава за секого, како и досега невидени можности за комуникација!Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства.