21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик,кој УНЕСКО го прогласи во 1999 на 30-тата сесија на Генералната конференција.Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици. Во ова семејство е и нашиот македонски јазик. Во нашето училиште ООУ “Аврам Писевски” се зборуваат повеќе јазици, учениците се образуваат на македонски наставен јазик, дел од нив како изборен изучуваат ромски јазик, дел од нив зборуваат албански јазик, а како прв странски го имаат англискиот јазик. Втор странски јазик е францускиот јазик.
“Богатството на еден човек е и во познавањето на јазиците”.