Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе е под притисок на човекчките активности. Од уништување на тропските шуми до намалување на рибите во океаните, од недостиг на вода за пиење до забрзаното намалување на растителниот и животнскиот свет, како и загадувањето на воздухот и морињата – се е тоа дело на човечките раце.
Денот на планетата Земја е воспоставен во 1970 година, а целта му е човекот повторно да воспостави контакт со природата, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исрпувањето на ненадоместливите енергенти и слично. Одбележувањето на овој ден почна во САД, а од 1992 година и во целиот свет. денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.