Секој 20-ти ноември се слави Денот на детето. Целта на овој ден е да се потсетиме на сите тешкотии со кои се соочуваат децата во светот и да размислиме за тоа како да им помогнеме. Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште има деца кои живеат во лоши услови, а тие имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.Од 1990 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. Да ги напоравиме децата среќни, не само денес. Нека бидат среќни секој ден. Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, почитувајте ги