Лицата со посебни потреби, како во целиот свет, така и во Република Северна Македонија, секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот и не ретко тие лица живеат на маргините на општеството. Често пати општеството овие лица ги игнорира и ги става во нееднаква положба во однос на останатите, односно ги дискриминира и обесправува.Поради тоа Црвен крст на Репулбика Македонија Општинска организација Карпош во соработка со ООУ,,Аврам Писевски”, с.Баровци на 3-ти Декември – Меѓународен ден на лица со посебни потреби одржа едукативно предавање со учениците од 5-то, 6-то и 7-мо одделение преку Национална платформа за учење на далечина-програмата Тeams (on line) вклучување на учениците во едукативното предавање преку power point презентација подготвена од страна на волонтерите на Црвен Крст и одделенскиот наставник Ана Деспотовска.Целта на ова предавање беше да се едуцираат учениците за да добијат одредени знаења, пристап и поддршка на децата и младите со посебни потреби.Учениците покажаа голем интерес за темата, подготвеност за учење и мотивираност за работа, споделување на искуства и знаења, како и меѓусебното дружење и соработка.