Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот на месец декември 2020 година се одбележа Недела на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Глобална солидарност, заедничка одговорност во борбата против ХИВ/СИДА”.

ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции. СИДА-та е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со ХИВ.
Поради тоа Црвен крст на Репулбика Македонија Општинска организација Карпош во соработка со ООУ,,Аврам Писевски”, с.Баровци на 14-ти Декември одржа едукативно предавање со учениците од 8-мо и 9-то одделение преку Национална платформа за учење на далечина-програмата Тeams (on line) вклучување на учениците во едукативното предавање преку power point презентација подготвена од страна на волонтерите на Црвен Крст и одделенскиот наставник Ана Деспотовска.
Целта на ове едукации имаа за цел да допринесат во спроведувањето на превентивно-здравствената заштита и подигнување на свеста кај младите за причините, ризиците и последиците од ХИВ/СИДА.
Учениците покажаа голем интерес за ова атемата, подготвеност за учење и мотивираност за работа, споде