На ООУ„Аврам Писевски“ од Скопје беа донирани компјутери за сите ученици кои немаа соодветен уред за следење на онлајн настава на почетокот на оваа учебна година.Донирани се вклупно 10 компјутери. Компјутерите се донирани, сервисирани и целосно ставени во функција за непречено користење од страна на членките на Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ.
Нешто што започна како индивидуална граѓанска акција чии иницијатори се: Центар за управување со знаење, Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ, Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК Скопје и Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија би сакале да прерасне во сеопфатна мобилизација. Наша клучна задача како организации е да иницираме и поттикнуваме враќање на вистинските вредности за филантропија, солидарност и емпатија“ – подвлече Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.
Следејќи ја актуелната состојба со отпочнување на новата учебна година и настанатите потешкотии за реализација и следење на истата за голем број училишта и деца, нашите организации свесни за потребата за мобилизација и за заедничко здружување на ресурсите и презентирање на проактивен организациски пример, одлучија да понудат помош и поддршка преку реализирање на пилот активност за мобилизација на претпријатија и други организации кои би биле подготвени да донираат компјутерска опрема за децата од социјално загрозени семејства.
„Би истакнала дека ова наша соработка е вистински пример како заедничката повисока цел, јасниот фокус и посветеност кон остварување таа поставена цел може да ги поврзе компаниите и организациите и да даде резултат. Исклучително се гордеам со фактот дека во изминатите 3 месеци покажавме вистински пример за соработка, координација и истрајност, гледано од професионален аспект“ – коментираше Катерина Златановска Попова, претставник на Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК Скопје.Донацијата е реализирана во координација со Министерството за образование и наука, одговорните лица во секторот за образование во Град Скопје и Општина Карпош како и несебична поддршка од директорите кои ќе се погрижат донираните уреди да стигнат до учениците на кои им е најнеопходна.