На 05.02.2021, учениците со физичко присуство во ОУ „Аврам Писевски” од прво до трето одделение, нивните наставници и библиотекарката го одбележаа Светскиот ден на читањето на глас. Во секој клас, учениците имаа можност, на забавен и индиректен начин, да се запознаат со придобивките од ваквата активност, меѓу кои интеракцијата со останатите, градењето самодоверба за јавен настап и блискоста која читањето на глас ја создава во семејството и меѓу учениците, да читаат песни и басни на глас и да дискутираат со своите соученици за темите споменати во нив. Во согласност со протоколите, дел од учениците имаа можност да ја посетат училишната библиотека, да позајмат книги и да го практикуваат читањето на глас, како на училиште, така и дома.