Хигиената претставува ½ здравје. Поради тоа хигиената на рацете е едноставно и ефективно решение на намалување на ширењето на инфекции и мултирезистентни бактерии и заштита на луѓето од разни инфекции. Секој ученик како и секое лице кое е директно или индиректо вклучено во наставниот процес, мора да обрнува внимание на хигиената на рацете и правилно да ја практикува.
За таа цел Црвен крст на Репулбика Македонија Општинска организација Карпош во соработка со ООУ,,Аврам Писевски”, с.Баровци на 10-ти Март одржа едукативно предавање за хигиена и заштита со сите ученици од прво одделение и со одделенскиот наставник Ана Деспотовска.
Целта на овие едукации е да допринесат во спроведувањето на превентивно-здравствената заштита и подигнување на свеста кај младите за причините, ризиците и последиците од вирусот Ковид 19.
Учениците покажаа голем интерес за оваа темата, споделување на претходни искуства и знаења, подготвеност за, нови знаења преку игра и експеримент, како и меѓусебното дружење и соработка.