ООУ „Аврам Писевски” во второто полугодие од учебната година 2020/2021 беше дел од меѓународниот е-твининг проект „Палеографски амбасадори –2021”, во кој зедоа учество и училишта од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија. Појдовната точка на проектот е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, ден кога и започнаа активностите меѓу училиштата. Учениците и наставниците од балканските простори имам можност да следат предавања поврзани со палеографијата (грчки: παλαιός+ γράφω – старо писмо), односно го истражуваа потеклото на азбуките на четирите словенски јазици – македонски, српски, босански и хрватски, стекнаа нови знаења поврзани со првите документи напишани на истите, им оддадоа почит на познати писатели и поети кои дале придонес за афирмација на четирите јужнословенски јазици. Овие предавања, го овозможија вториот и позначаен дел од проектот, активностите на главните актери во проектот- учениците. Тие имаа можност, активно да учествуваат во дискусиите на предавањата, да се испирираат од нив и да создадат свои оригинални и креативни творби и активности – стрипови, цртежи, презентации. Секое од предавањата беше пропратено со игри и квизови, поттик за детскиот дух и желба за учење. Целта на овој проект е, преку обединувањето на учениците и наставниците од различни училишта на меѓународно ниво, да ги слави особеностите на секој мајчин јазик, но и она што ги сплотува, притоа ставајќи акцент на развивањето на детската креативност, активно учество, желба за негување и почит како кон својот мајчин јазик, така и кон јазикот на соседите.
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
- Стоматолошки преглед
- Среќен почеток за нашите ученици
- Денеска е Св. Кирил и Методиј- Денот на сесловенските просветители
- Конкурс за избор на првенец на генерација
- 5 Maj Ден на Македонскиот јазик
- Награда за Анастасија Велковска од IXa
- Одбележување на Денот на планетата Земја
- На ден 24.4.2023 во нашето училиште ООУ,, ,,Аврам Писевски,, библиотекарката Митрички Татјана во присуство на менторката Оливера Котева одржа работилница каде учениците имаа задача да ги средат лентите со реченици и карти од приказната,,Кога ќе пораснам,, по хронолошки ред на настаните.
- Работилница -Црвен Крст
- Натпревар по Англиски јазик