Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник  на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 229/20) и од Правилникот за начинот на побарување на образовен/личен асистент и начинот на селекција и избор на образовен/личен асистент, одобрените согласности за вработување на определено работно време од Министерството за образование и наука  бр. 12-9899/3  од 21.07.2021 година Основното училиште со ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“ Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на определено работно време на 130  стручни соработници- приправници- образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование

Се објавува јавен оглас за вработување на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти на определено работно време во учебната 2021/2022 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани на следните работни места:
Стручен соработник – приправник во основно образование:

  1. Образовен асистент во одделенска настава- 70 (седумдесет) извршители на македонски наставен јазик.
  2. Образовен асистент во предметна настава- 30 (триесет) извршители на македонски наставен јазик.
  3. Образовен асистент во комбинирана паралелка -5 (пет) извршители на македонски наставен јазик.
  4. Образовен асистент во одделенска настава – 15 (петнаесет) извршители на албански наставен јазик.
  5. Образовен асистент во предметна настава – 10  (пет) извршители на албански наставен јазик.

Кандидатот треба да ги исполнува следните:

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право;
  • со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;
  • да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.

Посебни услови:

Завршено образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според МРК или 240 ЕКТС).

Општи работни компетенции на образовните асистенти:

  • поддршка на учениците со попреченост,
  • соработка со наставниците,
  • соработка со родителите/старателите
  • соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот
  • соработка со зедницата
  • комуникација и
  • остварување на резултати.

Распоред на работно време:

  • Работни денови понеделник – петок,
  • Работно време 8 часови дневно,
  • Работни часови неделно 40, од кои 20 до 30 часа во директна поддршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопствената работа,
  • Основен надоместок на образовниот асистент: 24,208,00 денари,
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2021/2022 година.

Потребни документи за пријавување:

  • Барање/Молба
  • CV/Кратка биографија
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,
  • Диплома за завршено соодветно образование,
  • Уверение за државјанство,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Потврда од суд за неосудуваност,
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право,
  • Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот.

Документите се доставуваат во рок од 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично, во архивата на  основното училиште со ресурсен центар „ д-р Златан Сремец“ Скопје до 15 часот или по препорачана пошта, брза пошта на адреса: Емил Зола бр. 5 Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“.

Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

Изборот на кандидатите го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.
Во селекцијата за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со Комисијата.
Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред почетокот на учебната година од соодветни обучени тренери.

НАПОМЕНА: работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
Основно училиште со ресурсен центар

„Д-р Златан Сремец“ Скопје