Меѓународниот ден на мирот, понекогаш официјално познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на 21 септември. Тој е посветен на мирот во светот. Во 2013 година, Генералниот секретар на Обединетите нации денот го посветил на образованието за мир, клучното превентивно средство за одржливо намалување на војната.