На ден 13.10.2021 година Црвен крст на Репулбика Северна Македонија, Општинска организација Карпош во соработка со ООУ,,Аврам Писевски”, с.Баровци, од страна на волонтер одржа едукативно предавање за работата (мисијата и визијата) на Црвен Крст со учениците од 2-ро и 8-мо одделение во соработка со одделенските наставници Ана Деспотовска, Александра Гаврилоска и Маја Христовска.

Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Целта на овие предавања посебно за учениците од повисоките одделенија е:

-Да се мотивирани волонтери (ученици) кои се инспирирани и подготвени да излезат во пресрет на приоритетни потреби на ранливо население.

-Да можат волонтерите (учениците) поединците да бидат дел од една поширока социјална групација во заедницата и да изградат нови пријателства, соработка и дружење.

Сите треба да дјствуваме, поттикнуваме и промовираме хумани вредности за навремено да одговориме на современите хуманитарни предизвици, а притоа решени сме да направиме повеќе, да го направиме тоа подобро и да стигнеме подалеку со помош на овие оргнизации.

Учениците покажаа голем интерес за предавањето, подготвеност за учење и мотивираност за работа, споделување на искуства и знаења, како и меѓусебното дружење и соработка.