Учениците од II-б заедно со одделенскиот раководител Ангела Петров беа дел од првиот ЕДУИНО-ИГРАТОН. ЕДУИНО-игратонот беше осмислен како креативен предизвик за игра и учење преку седум селектирани активности и игри наменети за деца од 3 до 10-годишна возраст. Помеѓу среќните добитници беа и нашите ученици од II-б заедно со нивниот одделенски раководител Ангела Петров.Огромна благодарност на Едуино Игратонот за прекрасните подароци кои ги добивме како награда за нашите активности. Децата беа пресреќни бидејќи беа наградени за нивниот труд