STEP FORWARD TOGETHER – ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА
Трите основни училишта: ООУ„Лазо Трповски“, „Аврам Писевски“ (Општина Карпош) и ООУ „Лириа“ (Општина Чаир) кои соработуваа на проектот „Чекор напред заедно“ како дел од фондацијата „Градиме мостови“, финансиран и поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја одржаа финалната манифестација во Кинотека на Северна Македонија. Завршниот настан се состоеше од прикажување на кратко видео од одржаните активности,изложба од фотографии и цртежи и модно дефиле на традиционални носии и парчиња од носии од страна на учениците-учесници во проектот на песна-микс од модерна и традиционална музика. Истата беше аранжирана од наставникот по музичко образование, Кузман Марковски,а создадена во музичкото студио на ООУ „Лазо Трповски“.
Како специјални гости, учествуваа и ученици и наставници од ООУ „26ти Јули“(Општина Шуто Оризари), како дел на една од активностите на проектот. Во улога на координатори и модератори на активностите се јавија наставниците:Маријана Грчевска Чадиковска, Мејрем Туша, Тамара Алаџајкова, Кузман Маркоски и Благоја Ставревски. Проектот беше поддржан од Младински центар за еднакви можности, а предводен од наставничката Татјана Бошковиќ која заедно со директорката на ООУ „Лазо Трповски“, Соња Јовановска, изрази огромна благодарност за соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Четирите училишта изразија желба за повторна меѓусебна соработка на следни проекти.