Денес учениците од IV одделение имаа посета на Спомен – куќата на Мајка Тереза, се запознаа со животот на Мајка Тереза и нејзината хуманост. Посетија значајни градби и културни знаменитости ( Камен мост, Скопско кале, Стара железничка станица, Холокаустот на Евреите ) Го посетија и Музејот на македонската револуционерна борба, со восочни фигури и одблизу се запознаа со минатото на современата македонска држава, во периодот од 1903 до 1991 година ( Илинденско востание, Крушевска Република, Крушевски манифест, НОБ, АСНОМ, референдум..)