Во организација на Црвен Крст-Карпош на ден 28.05.2024 година се реализираше општинскиот натпревар по прва помош. На општинскиот натпреварот земаа уество вкупно 23 училишта од различни општини. Натпреварот се спроведе во две траектории А и Б, по 6 работни бази од кои 3 беа од областа на првата помош, 2 за дисеминација и ментлно здравје и 1 од забавен и спортско-рекративен карактер
Добрата подготвеност на нашите ученици од VIII и IX одделение, заедно со нивниот труд и нивната храброст успеавме да го освоиме четвртото место.
Целта на ваков тип на натпревар на ниво на една општина е подигање на свеста на луѓето, а особено на младите која е од голема важност за давање Прва помош кај поголем дел на населението.