На 5 септември 2024 година, група ученици од осмо и деветто одделение, предводени од предметната наставничка Маја Христовска, присуствуваа на изложбата на фотографии „Младинска Моќ за Единство: Градење Мултикултурна Иднина“ во Скопје. Целта на настанот беше да го поттикне интересот кај младите кон културата, културно-историските знаменитости и значењето на мултикултурното наследство. Оваа иницијатива, која се фокусира на зајакнување на меѓукултурната соработка и разбирање, има за цел да помогне во развивањето на чувство на почитување и вреднување на различните традиции и културни идентитети, создавајќи основа за заедничка и инклузивна иднина.