Во средата во дворот на црквата Св. ,,Пантелејмон”, Горно Нерези, во организација на Детскиот ликовен центар, а со поддршка од Општина Карпош, се одржа 18-тата детска ликовна колонија. Во рамки на оваа културна манифестација од нашето училиште учествуваа ученичките Марија Јовчевска и Ана Марија Соколова од 9-А одделение.
Творбите на колонијата беа инспирирани од мотиви на повеќе слободни теми од секојдневието, а помош и поддршка добија од менторот, наставничката по ликовно образование Маја Крстева. Ученичките цртаа на тврда подлога, користејќи ја техниката со темперни и акрилни бои.
Во четвртокот 18-тото издание на детската ликовна колонија заврши со доделување на дипломите за учество на секој ученик во дворот на Кинотеката во Лептокарија.