Во текот на оваа недела по повод детската недела во нашето училиште се одржува хуманитарна акција. Целта е собирање на средства за помош на ученик од социјално ранливите категории.
Хуманитарната акција ја водат претставници на Ученичкиот парламент, а помош добија од директорката на училиштето Кристина Андриќ Стојановска, психологот Мери Синадиновска и наставникот по Граѓанско образование.
Акцијата се спроведува преку продажба на детските маркички, а сумата за донирање се собира преку продажба на детски маркички на децата од училиштето.