По повод Детската недела и оваа година во нашето училиште, најмалите другарчиња-првачиња, станаа членови на Детската организација. Затоа беше организирана приредба од страна на нивните поголеми другарчиња и заедно со психологот Мери Синадиновска дадоа свечено ветување за почитување на правата и обврските. Во настанот земаа учество со активности и децата од градинката “Распеана младост”. Нивните весели лица се надополнија со подарок од страна на директорката Кристина Андриќ-Стојановска и нивниот одделенски наставник Слободанка Пешевска! Им посакуваме успех во понатамошното образование!