Како дел од проектот „Науката и Јас“, во основното училиште „Владо Тасевски“ се одржа Саемот за наука, кој се реализира од страна на Општина Карпош во соработка со реномираната странска компанија „Џонсон Мети“ и невладината „Македонија 2025“. Нашите ученици заедно со наставникот по Природни науки Благојче Бошковски го посетија саемот и ги гледаа експериментите кои ги изведуваа нивните врсници.

Целта на денешниот саем беше промовирање на знаењето, кое кај младите ученици треба да го пробуди интересот за природно – техничките науки, преку стручен пристап и презентација на научните концепти по моделот „од ученици за ученици“.