Нашите ученици од 8Б и 9А одделенијата во петокот, на 25 октомври ја посетија претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во Драмскиот театар Скопје. Учениците беа придружувани од наставникот по Историја Зоран Пржовски и наставничката по Македонски јазик и литература Анамарија Николовска.

Учениците уживаа во претставата која обработуваше модерна тема и со внимание ја проследија истата.