Вчера вечерта во Драмскиот театар Скопје Општината Карпош ја реализираше манифестацијата „Карпош има талент“ по повод деновите на Општина Карпош. На оваа манифестација како едно од 10-те училишта од општината свое учество со музичка точка зема и нашето училиште.
Учениците од нашето училиште настапија со композицијата „Чае шукарије“ која ја подготвуваа под менторство на наставничката по Музичко обраозвание Слаѓана Чекичевска и наставничката по Јазик и култура на Ромите Џеврије Фасљии и дефектологот Маријана Грчевска Чадиковска.
Нашите ученици од срце ја изведоа оваа точка и беа наградени со Прво место, како најдобра точка и изведба на манифестацијата.
Освојувањето на првото место претставува голема радост и поттик за сите ученици и вработени во ООУ „Аврам Писевски“.