Ноќ на вештерките (англиски: Halloween, скратено од All Hallows’ Evening — „Вечерта на Сите Свети“) — празник што се слави на 31 октомври. Ова е народен празник, но посебно врзани со него се Католичките христијани, особено Ирските доселеници во Северна Америка кои донеле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги (trick-or-treat), посетување на „проколнатите“ места, палење логорски оган, маскенбал, резбање тикви (jack-o’-lanterns), „вадење јаболка“ (apple bobbing), читање страшни приказни и гледање филмови на ужасите.
Во нашето училиште денес се одржаа неколку активности за да се запознаат учениците со начините на славење на Ноќта на вештерките во другите земји. Учениците цртаа, гледаа презнтација и играа игри. Во активностите се вклучија учениците од прво до шесто одделение.