По повод 80 годишнината од ослободувањето на градот Скопје во организација на општината Карпош со низа почести, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред вчера нашите ученици засадија дрва од видот црвенолисен јавор.
Во организација на Сојузот на борците, ученичката Деспина Јовчевска од 8-Б доби награда за второ место во поезија на тема “80 години слободно Скопје”.