И оваа година, учениците и дефектологот од ООУ “Аврам Писевски” поделија и испратија пораки за градење заедничка инклузивна иднина. Иднина со инфраструктура за сите, иднина без дискриминација во образованието, здраството, локалните услуги.

СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ Е ПОСЕБЕН НА СВОЈ НАЧИН И СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ЕДНАКВА ШАНСА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОИТЕ ПРАВА

Учениците од 6то одд со наставничката Наташа Томшиќ во училиштето, одржаа работилница за подигање на свестта за правата на лицата со попреченост.