“Приказна од училишната клупа” е овогодишната тема каде што учествуваа нашите ученици од V одделение и истите беа наградени со второ и трето место. Литературниот конкурс беше организиран од страна на Библиотека Браќа Миладиновци, по повод празникот Св. Климент Охридски.

Вчера, на 04.12.2024 во Библиотеката Другарче свечено им беа доделени дипломи на наградените ученици и нивните ментори:

-Лина Крстевска Vа – второ место, ментор Александра Гаврилоска
-Ања Стојковска Vб – второ место,ментор Снежана Богдановиќ
-Миа Златановска Vб – трето место, ментор Снежана Богдановиќ
-Ева Стаменова Vб – трето место, ментор Снежана Богдановиќ